„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Славески за студирањето медицина кај Мерко: Бог нека ни е на помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Trajko-Slaveski

На мрежата ,,Х” се огласи Трајко Славески за новата образовна гранка на универзитетот на Рамиз Мерко.

— реклама —

,,Еден мој поранешен професор на Економски факултет - Скопје, по потекло од Струга и учесник во НОБ, сега одамна починат, кажуваше една анегдота за лекар во неговиот роден град, од периодот меѓу двете светски војни, со диплома од Виена.

Наводно, на што и да се пожалел пациент кај него, му препишувал аспирин. Човек му доаѓа позеленет во лицето, ќе го потчукнел по слабините и ќе го препорачал семоќниот лек.

— реклама —

Според професорот, тој да ти бил од оное Für den Balkan gut (добар за Балканот) лекари со дипломи од европските универзитети од тоа време.

Денес ја прочитав “убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари. Каде на друго место освен на далеку познатиот “универзитет на Рамиз Мерко”.

Дозволата за отворање “студии по медицина” ма овој “универзитет” ја потпишал неговиот сопартиец и министер за образование и наука во заминување, господинот Јетон Шакири.

Значи, по отприлика сто години од т.н. Für den Balkan gut лекари, Струга во наредните неколку години треба да ги “изучи” сопствените медицинари. Практиката ќе покаже само за каде ќе бидат “добри”.

Во овој контекст, се потсетив на уште нешто. При еден мој престој на државниот универзитет Аризона, во САД, во 1997 година, од колегите професори на економскиот факултет разбрав дека сојузната дежава Аризона нема сопствен медицински факултет, туку само еден колеџ на Универзитетот Аризона во јужниот град Тусон. Во тоа време Аризона имаше околу 5 милиони жители.

Денес Аризона има население од околу 7,5 милиони жители, што придонело да се зголеми побарувачката на студии по медицина.

За таа цел, по 2007 година се отворени уште два-три медицински факултети, заедно со тој од градот Тусон, кој во меѓувреме прерасна во медицински факултет.

Значи, со најновиот медицински факултет на струшкиот градоначалник од црната чиста на САД, Македонија ќе ѝ парира на седум милионската Аризона во студиите по медицина.

Се разбира, во квантитет, а за квалитетот - Бог нека ни е на помош!”, напиша Трајко Славески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања