Промени тема
Контакт

Следи големо покачување на пензиите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
penzioneri

Како што вети, СДСМ интензивно ја реализира програмата за силна финансиска поддршка на граѓанте во време на криза, велат од партијата,

„Новата Влада предводена од СДСМ, за неполн месец направи историски најголемо покачување на минималната плата, ги заштити граѓаните од ценовен шок за струјата и обезбеди парно греење за скопјани во услови кога градската власт се амнестираше од одговорност.

Сите средства од буџетот се вложуваат назад во поддршка на стопанството и граѓаните.

— реклама —

Како што веќе најави претседателот Ковачевски во своето експозе, следен чекор е големо покачување на пензиите.

— реклама —

Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани.

ВМРО-ДПМНЕ може да продолжи со опструкциите и блокадите односно она што најдобро го знаат.

— реклама —

Наместо да глумат загрижени за растот на платите и пензиите, додека лицемерно блокираат закони, слободно нека продолжат и со измислените афери и лажниот патриотизам. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања