Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Следува дождлив и студен викенд: Обилни врнежи низ Македонија, на планините снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Македонија
media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD
unsplash

Под влијание на циклонска активност, Македонија во наредните денови ја очекува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Според прогнозата, од вечерва до недела на некои места се очекуваат над 30 литри дожд на метар квадратен за 24 часа, додека вкупната количина на врнежи во текот на целиот период локално може да надмине и 80 литри на квадратен метар.

— реклама —

Во текот на денот времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови од земјата. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

— реклама —

Минималните температури ќе се движат од -1 до 4 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 12 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

— реклама —

Промена на временските услови се очекува за време на викендот, кога поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите на некои од повисоките места ќе преминуваат во дожд и снег. На планините се очекуваат врнежи од снег, при што ќе се формира и нова снежна покривка.

— реклама —

Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_4715

Нагла промена на времето: Обилни врнежи, а за викендот и снег

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryf76c30p0ojepdnbl6DO

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Скопје: Еве какво време нè очекува денеска

Македонија | пред 4 дена

media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY

Променливо облачно време со дожд, од понеделник заладување и снег на планините

Македонија | пред 5 дена

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања