Следува краткотрајно стабилизирање на времето, од петок нови врнежи, а од викендот дополнително заладување

објавено пред 1 година -

Македонија
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

По обилните врнежи кои ја зафатија нашата држава, од следните часови, како и утре (четврток) ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето. Од петок, па во деновите потоа под влијание на нов влажен бран од запад ќе имаме нови повремени врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер.

— реклама —

Нестабилното време и со почести врнежи ќе го имаме и во текот на следната седмица.

Поради продор на многу поладен воздух од север, од викендот, па во текот на следната седмица температурите ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината, па така наутро не се исклучува можноста за појава и на првиот мраз за оваа сезона, особено на повисоките и на планинските места во Македонија.

— реклама —

Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 2000 м.н.в) го очекуваме и првиот снег за оваа сезона, што значи дека ја очекуваме и првата мала снежна покривка на високите планини, особено во западната половина од државава.

Што се однесува до температурите, тие од викендот ќе бидат многу пониски од сегашните и преку ден ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 22 степени.

Првиот снег со овој ладен продор од север го очекуваме и на многу планински места ширум Балканскиот Полуостров, што значи дека грејната сезона оваа година ќе ни започне многу порано.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања