Промени тема
Контакт

Следуваат обилни врнежи и силно невреме: од денес до среда ќе има нов циклон

објавено пред 2 години -

Македонија
277539285_300804572165634_9196439405926440518_n

Од денес (недела) па се до средината на следната седмица, односно некаде до среда, нашата територија ќе биде под влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Италија. Токму поради ова и атмосферата ќе биде исклучително нестабилна и исполнета со многу енергија, и тоа поради долготрајниот екстремно топол бран “ЛУЦИФЕР” кој полека го губи својот интензитет.

Во ваква ситуација, се очекува да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На повеќе места во Македонија ќе има и појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во Скопската котлина од денес (недела) во попладневните часови, па се до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

— реклама —

За време на овој циклонски систем, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Токму овие врнежи и тоа како добро ќе дојдат за да помогнат во гаснењето на пожарите во Македонија.

Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

— реклама —

Што се однесува до температурите, тие секој нареден ден постепено ќе опаѓаат, па така најсвежо ќе биде во почетокот на следната седмица кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

— реклама —

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања