Промени тема
Контакт

Слободните медиуми се основниот столб на демократијата, вели Таравари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, по повод 3-ти Мај - Светски ден на слободата на медиумите, на социјалните мрежи напиша:

— реклама —

"Сите ние, како граѓани на оваа држава, носители на јавни функции, претставници на институции, носители на различни професии, должни сме да ја поддржиме и заштитиме слободата на медиумите и да се погрижиме новинарите да известуваат за вистината без цензура и страв од било какви реперкусии.

— реклама —

Слободните медиуми имаат особено значајна улога општеството да функционира одговорно и соодветно. За жал, слободата на медиумите е под закана во многу делови од светот, па така и кај нас, дома. Новинарите неретко се мета на малтретирање, заплашување, па дури и насилство само затоа што ја вршат својата работа.

— реклама —

Токму затоа, како општество, мораме да направиме сè што е можно за да ги заштитиме новинарите и слободата на медиумите. И денеска, на овој Светски ден на слободата на медиумите, а и секојдневно, да се потсетиме на каузата за слобода на медиумите.

— реклама —

Да застанеме на странат на новинарите и медиумите кои се борат за вистината и да се обврземе да го штитиме овој основен столб на демократијата".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања