Притворот на Пале и е продолжен за уште 30 дена, нема готови резултати од вештаците – за ,,Фокус” откриваат роднини на велешанката Пале И. (23), чиј случај кон крајот на септември ја вознемири јавноста.
Младата девојка заврши зад решетки, откако 40-годишниот полициски службеник Александар Р. со кого живеела во вонбрачна заедница ја фатил за врат и започнал да ја дави, по што таа го избодела со нож.
Самата повикала Итна помош, а медицинската екипа констатирала смрт кај полицаецот, со прободување со нож во граден кош. Набргу по настанот, роднини на Пале, чиј идентитет е познат на редакцијата на ,,Фокус” јавно раскажаа низ што минала младата девојка.
Тврдеа дека таа не е ладнокрвен убиец, туку убиството се случило во самоодбрана. Појаснуваа дека нејзиниот вонбрачен партнер често пиел алкохол и ја навредувал, ја пцуел, бил посесивен, но и дека се сомневаат како трпела физичко малтретирање.
„Девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва, осудете го девојчето најблаго што може“, лавина реакции за слобода на Пале
Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.Со свој став, а во поддршка на велешанката која била жртва на семејно насилство, се јави и Ина многуфина.„Пале, девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва на семејно насилство и жртва на нефу
Коментари | пред 4 години
Сведоштво за велешанката која го уби сопругот, роднините бараат да ја ослободат
Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.На веб страницата стои и фотографија од младата девојка, како и текст за нејзиниот живот.„Млада девојка без грижа од родителите на 16-17 години пронаоѓа утеха во погрешна личност. Родители разведени,
Македонија | пред 4 години
„Кај државата не ги штити жртвите на семејно насилство, уште после и ги суди за самоодбрана“, се бара слобода за велешанката
Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Подоцна, се откри дека 23-годишната девојка била малтретирана и тепана, а тоа го пријавувала и во полиција. За потсетување, во судското досие на полицаецот кој со години живеел во вонбрачна врска со Пале Иловска нема затворски казни, ниту дека извршил семејно насилство или насилство. Но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку
Коментари | пред 4 години