Ирена Цветковиќ, доктор од областа на родовите студии, вели дека случајот на Гордана Јанкуловска отвора многу прашања и проблеми поврзани со различниот третман на мажите и жените кои отслужуваат казна затвор, но и прашањата на човековите права на истите.
„СЛУЧАЈОТ НА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА или како се кршат човековите права на жените во затвори
Случајот на Јанкуловска отвора многу прашања и проблеми поврзани со различниот третман на мажите и жените кои отслужуваат казна затвор, но и прашањата на човековите права на истите.
Во пар интервјуа кои ги даде нејзиниот сопруг дознавме за дискриминаторски и нехумани пракси како фактот дека Јанкулоска и другите затворенички, не можат да ги користи законските погодности што ги имаат затворениците мажи, како посети надвор од установата, одмор и работно ангажирање. Досега колку што сфатив единствено Комисијата за заштита од дискриминација издала мислење.
Ова е толку чист случај на дискриминација врз основа на род и кршење на човекови права што апсолутно не ми е јасно како е возможен ваков општествен и политички молк.
Што побогу прават институциите чиј мандат е заштита на правата и еднаквоста на СИТЕ луѓе? Дали се свесни дека оние во затворите се исто ЛУЃЕ?
Искрено, среќа е што се прозбори за темава.
Не сме еднакви додека секоја една од нас не е еднаква“, се вели во објавата.