„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Случка со бездомник во Скопје кому му се слошило: Прифатилиште нема, во такси не го примаат, Брза помош не доаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
brza-pomos-3

Денес имав доста жална случка со бездомно лице на улица, но научив доста и сакам истото да го споделам со вас, ако се најдете во слична ситуација.

— реклама —

Возејќи точак низ центар, налетав на две жени како се обидуваат да покренат паднат постар човек. Застанав, занемарувајќи ги сите што поминуваа без да свртат глава, и по кратка проверка за повреди, го кренавме на нозе, стои во објава на ФБ.

Во продолжение на истата се додава:

— реклама —

1) Преместете го човекот на безбедно место, под сенка

Бидејќи беше топло денес, а човекот носеше многу слоеви облека, најверојатно му се има слошено. Го тргнавме на безбедно место и го седнавме на столче.

2) Ако мислите дека е паднат притисокот, дадете нешто освежително и шеќер со вода

Еден господин вработен во блиска кафана, дотрча со чаша вода и шеќер, му ја дадовме на човекот да ја испие. Беше изнемоштен.

3) Комуницирајте, како се вика, каде оди, како можете да помогнете

Дознавме дека е бездомно лице, дека пробува да стаса до прифатилиштето Момин Поток. Неуспешно беше мојот обид за барање такси да го однесе до таму (не сакаа да примат бездомно лице, иако ние ќе платевме екстра).

ℹ️ Во контакт со Момин Поток, ми кажаа дека преку лето немаат постојатно прифатилиште за бездомни лица, само среда и петок има персонал и услуги за нив. Запозаени се со лицето, и во денови кога е отворен центарот може да му помогнат.

ℹ️ За постојано прифатилиште на бездомници во Скопје се грижи Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, лоцирано на ул. Никола Вапцаров бр.11 (зад Центар Бар/бившо McDonald's). За жал, човекот прима некако пензија, и со тоа не се смета за странка што може да и помогнат.

4) Доколку е потребно, повикајте 194

Бијдеќи човекот имаше потешкотии во движење, го прашавме дали може да викнеме брза помош, за да му помогнат. Се согласи, но 194 телефонот ѕвонеше зафатено скоро 10 минути.

ℹ️ Ако ѕвоните на полиција, пожарна или брза помош, а телефонскиот број е зафатен, додадете ја последната цифра од бројот уште еднаш на крајот, и пробајте пак. Пример: Полиција - 1922, противпожарна слжба - 1933, брза помош - 1944. Не знам дали ова е бекап оператор, но секогаш сум добивал вака линија ако примарната е зафатена. За жал возила немаше за да дојдат, сите беа на терен.

5) Видете дали може да му понудите храна или пијалок

Човекот одби и храна и пијалок, со него имаше се тоа, му требаше само одмор. Седев со него, и му објаснив дека утре може да појде до Момин Поток, за да се измие и да добие нова облека. Му дадов се што имав во мене пари, за да ги искористи за такси утре, со цел да не му се слоши пак вака.

По некое време, човекот тргна повторно на својот пат.

Да, имав огромен грев дека овој човек нема институција што може да му помогне, без разлика дали имал плата, минато со алкохолизам. Но бев и многу благодарен на келнерот, на двете жени (Калина знам едната беше) што први дотрчаа, до вработените во пекарата што му дозволија да одмори кај нив и му понудија храна и вода. 💙

--

На овој свет сме дојдени за да си помагаме едни на други. Не ми е гајле дали си македонец или французин, дали си демократ или вмровец, дали си азијат или од ченто. Ако е човек во невоља, веднаш ќе помогнам, човечки е. Направете го истото.

Се надевам дека повторно ќе го сретнам Зоран, и ќе најдам подобар начин како да му помогнам да го сврти животот на подобро. Ако знаете за која личност станува збор, исконтактирајте ме.

Бидете хумани за вашите сограѓани, сакајте се...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања