Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Хорор во Скопје: жена била силувана па уценувана, осомничениот се јавувал и кај жена му да донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u
МВР

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен маж од Неготино, со живеалиште во Германија, осомничен за кривични дела полов напад и силување по член 186 и уцена по член 259 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, инцидентот се случил на 2 декември, кога осомничениот со сопругата и нивна пријателка биле во ресторан во Скопје. Тој консумирал алкохол и дрога, а по вербална расправија сопругата го напуштила локалот. Осомничениот се понудил да ја однесе пријателката дома, но наместо тоа, со часови ја возел низ различни локации во Скопје, настојувајќи да ја принуди на сексуални односи.

— реклама —

Иако жената категорично одбивала, тој ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку не влезе во апартман во Центар. Таму, според наводите, со физичка сила и со закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот напад го снимил со мобилен телефон.

За време на престојот во апартманот, осомничениот преку видео повици контактирал со сопругата и други лица, барајќи да му донесат кокаин, тврдејќи дека „инаку ќе ја убие оштетената“.

— реклама —

Три дена подоцна, на жртвата ѝ испратил видео-клип со експлицитна содржина, заканувајќи се дека снимката ќе ја објави доколку не му плати 2.500 евра. Жената случајот веднаш го пријавила во полиција.

По координација со органите на прогонот, било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Осомничениот бил приведен веднаш по преземањето на парите.

Јавниот обвинител поднесе предлог за определување притвор, посочувајќи дека постои реална опасност осомничениот да избега, со оглед дека има отпуст од македонско државјанство и живее и работи во Германија. Дополнително, оценето е дека постои ризик да го повтори делото, кое претставува тешко нарушување на јавниот ред, половата слобода и половиот морал.

Судијата на претходната постапка го прифати предлогот и одреди мерка притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Над 600 деца жртви на сексуална злоупотреба за шест години, најмалото има под 3 години – бројот постојано расте!

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
siluvanje-1-640x432-163518

Детали за монструозниот случај од МВР: 15 годишен малолетник цела година ја вознемирувал својата помала сестра, а пред 3 месеци ја силувал

Македонија | пред 3 дена

media-libraryunu26757rbue0o4JcYr

Шокантен случај во Гостивар: 14-годишник осомничен за силуване на сестра му

Македонија | пред 3 дена

siluvanje-1-640x432-163518

Од 20 до 40 години се осомничените силувачи на 13-годишното девојче од неготинско - сите се во притвор

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања