„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Смее ли некој да ви побара сертификат кога влегувате во угостителски објект?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
kafana-i-brza-pomos

Во држава во која нема функционален здравствен систем, во која луѓето се вакцинираат од донации и за третирање болести се собираат донации за лекување преку СМС-пораки, министерот за здравство ќе воведува редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, коментира на својот фејсбук-профил Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија.

— реклама —

Оваа нејзина реакција доаѓа по одлуката на Владата од 16 август да се воведат редарски служби кои ќе ги проверуваат сертификатите за вакцинација на лицата што ќе учествуваат на настани каде што ќе има 30 гости.

„Како ќе се воспостави редарска служба во правни лица кои ја немаат според систематизација и според кое овластување кој било што не е службено лице ќе легитимира за да утврди дали доказот за вакцинација кореспондира со лицето кое го приложува? Ова ја надмина по иновативност мерката да ве идентификуваат угостителите дали вие и лицата со кои седите на иста маса сте од исто семејство, која не можеше да се спроведе“, пишува Арсовска.

— реклама —

На оваа најнова владина мерка реагираа и од Независната угостителска комора од каде велат дека е невозможно секој угостителски објект да организира редарска служба и дека на овој начин се тераат угостителите да ги кршат човековите права загарантирани со Уставот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања