Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Сметките за струја ги испразнија буџетите на општините, тврди Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

„Заклучокот на ЗЕЛС е да се најде решение со разговор затоа што имаме две разумни страни кои ќе најдат решение на проблемот. Доколку нема разговор, вториот заклучок кој го донесе ЗЕЛС е радикализација. Треба да разбереме дека имаме 81 општина од кои повеќето се мали, рурални кои што немаат начин како да генерираат повеќе средства. Нивното функционирање, начинот на којшто работат и постојат е доведено во опасност од оваа ситуација, а неизвесно е истата до кога ќе трае. За да може нешто да се направи, треба на овие луѓе да им се помогне.

— реклама —

Инициравме и разговаравме за тоа, доколку пред некоја година се покриле 51% од долговите на општините кои биле генерирани од несоодветно менаџирање или од непродуктивни трошења, сега треба да се помогне кога сме во енергетска и економска криза“, истакна градоначалничката Арсовска и претседателка на ЗЕЛС при гостувањето во Економски магазин на Алсат телевизија.

„Доколку не добиеме помош од централната власт ќе добиеме целосна нефункционалност на малите општини. Тие веќе го имаат потрошено буџетот предвиден за електрична енергија со сметки за два месеци. Ситуацијата и со јавните комунални претпријатија е до толку алармантна што прекинот на електрична енергија директно влијае и може да доведе до прекин и на водоснабдувањето. Затоа треба уште еднаш убаво да се размисли како ќе се реагира, затоа што ова се јавни услуги кои се од интерес пред се за граѓаните. Ние не зборуваме само за јавни претпријатија или општини, ние зборуваме за граѓаните на овие општини“, потенцираше Арсовска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања