Промени тема
Контакт

Смрт во притвор: институциите со спротивставени информации, семејството со тешки обвинувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-09-01-at-09.35.34

Смртта на притвореникот Мирсад Пушка во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари повторно го отвори прашањето за условите и здравствената заштита во казнено-поправните установи. Иако Министерството за внатрешни работи информираше дека тој побарал медицинска помош и дека лекарите се обиделе да го реанимираат, семејството тврди дека Пушка со месеци бил оставен без потребната терапија за неговите сериозни заболувања, меѓу кои и канцер.

Адвокатот и роднина на починатиот, Асмир Алиспахиќ, јавно обвини дека системот не обезбедува ни основни услови за живот, а камо ли за соодветен третман на болни лица.

— реклама —
— реклама —

Директорот на КПУ „Скопје“, Бобан Утковски, изјави дека Пушка бил носен на медицински прегледи, но никогаш не бил хоспитализиран. Од Кривичниот суд, пак, потврдуваат дека имале податоци за неговите дијагнози, но не и за канцер, а токму ден пред смртта бил поднесен предлог за измена на притворот.

— реклама —

Пушка беше обвинет во предметот „Синдром“ за злоупотреби при издавање инвалидски пензии. Неговата смрт ја отвора дилемата: дали државата е способна да обезбеди човекови услови и права за најранливите – дури и кога се обвинети?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања