Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Смртоносен вирус на крузер: три жртви, сомнеж за хантавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
corona-virus-outbreak

На крузер што пловел низ Атлантскиот океан меѓу Аргентина и Зеленортските Острови избила сериозна здравствена криза, при што три лица починале, а повеќе патници се разболеле, со сомнеж за инфекција со хантавирус.

— реклама —

Според Светската здравствена организација, потврден е еден случај на инфекција, додека уште пет се водат како сомнителни. Од вкупно шест заболени, три лица починале, а едно се наоѓа на интензивна нега во Јужна Африка. Меѓу жртвите се брачен пар од Холандија на возраст од 70 и 69 години, додека третиот починат сè уште не е идентификуван.

— реклама —

Заразата е регистрирана на бродот MV Hondius, управуван од холандската компанија Oceanwide Expeditions. Крузерот неодамна бил закотвен во близина на Праја, главниот град на Зеленортските Острови, а се разгледува можноста за хоспитализација на дополнителни пациенти пред продолжување на патувањето кон Канарските Острови во Шпанија.

— реклама —

Здравствените власти во Јужна Африка претходно соопштија дека станува збор за „тешка акутна респираторна болест“. Портпаролот на Министерството, Фостер Мохале, потврди дека кај пациент во Јоханесбург е дијагностициран хантавирус.

— реклама —

Хантавирусите најчесто се пренесуваат преку контакт со урина или измет од заразени глодари, а во ретки случаи е можно и пренесување меѓу луѓе. Здравствените служби продолжуваат со координација за евакуација и третман на заболените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

danilovski

Д-р Даниловски за Нипа вирусот: Иако е опасен, тоа воопшто не значи непосреден ризик за сите нас!

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
w_56803986

Уште една жртва на инфлуенца А во Инфективна, расте бројот на хоспитализирани

Македонија | пред 5 месеци

corona-virus-outbreak

Нов сој на грип стана доминантен во Европа, експлозија на случаи го оптоварува здравствениот систем

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања