Промени тема
Контакт

Снег има на Шапка: времето ќе е променливо облачно и ветровито, температури до 13 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarym5f239j3rm2r48hRBgD
Скопје1.мк

Најниската утринска температура измерена е -3 степени на Попова Шапка, информира Управа за хидрометеоролошки работи. Под нулата било и во Берово со -1 степен, додека нула степени се измерени во Маврови Анови.

— реклама —

Еден степен се измерени во Претор, Струмица и Крушево, два во Крива Паланка, Охрид и Битола, три во Прилеп и Штип, четири во Тетово и Виница, пет во Скопје-Петровец и Велес, шест во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија, а најтопло утринава било во Кавадарци со седум степени.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Битола – 20 литри на квадратен метар, 15 во Претор, 14 во Охрид и Крушево, 13 во Штип и Гевгелија, 12 во Крива Паланка, Кавадарци, Пожаране и Ѓуриште. Во Прилеп, Велес и Маврови Анови измерени се 11 литри, во Виница девет, во Тетово осум, а во Скопје-Петровец, Тополчани и Попова Шапка седум литри на квадратен метар.

Снежната покривка на Попова Шапка достигнува 100 сантиметри.

— реклама —

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, локално над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања