ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Снег во Маврово, Крушево и Лазарополе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Падините на Маврово и повисоките места во Крушево утрово се прекриени со снежна покривка.

— реклама —

Според најновите информации од УХМР, до 7 часот утринава висината на снежната покривка во Маврово е 6 сантиметри, 4 во Лазарополе и 4 во Крушево.

Во Берово утрово било најстудено со измерни – 5 степени, потоа во Маврово – 3,  -2 Крушево, -1 Крива Паланка, Лазарополе, Куманово, 0 Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 2 Претор, Прилеп, Виница, 3 Охрид, Битола, Дебар, 4 Тетово, Скопје-Петровец, Штип, 5 Скопје-З.Рид, Струмица, Д.Капија, 6 Гевгелија и Дојран.

— реклама —

Преку ноќта и изутринава беше претежно облачно, во западните и јужните делови со локален дожд, а на повисоките места и на планините со снег.

До крајот на денот ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Утре кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања