„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Снемало докази, па се повлекле - Обвинителството се правда зошто се откажале од гонење на Максим Димитриевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Makso

Основното јавно обвинителство Куманово го повлече обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со образложение дека не постојат докази за постоење на кривично дело.

— реклама —

Во соопштението на обвинителството се наведува дека првичното обвинение се темелело врз вештачење кое укажувало на значителна имотна штета од над 3,3 милиони денари, поради непостапување по член 59 став 11 од Законот за градење. Штетата, според тогашниот обвинителен предлог, ѝ била нанесена на две правни лица.

Сепак, по спроведената постапка и сослушување на вештаците, било утврдено дека откако било издадено одобрение за градење, штетата наведена во обвинението реално не постои. „Неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело“, наведува обвинителството.

— реклама —

Понатаму, обвинителот испитувал и можност за постоење на друго кривично дело, но по двојна анализа на доказите – и на ниво на Основното обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – било утврдено дека нема доволно докази за покренување било каква кривична постапка по службена должност.

Со тоа, случајот против Димитриевски е затворен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања