Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Снимале додека ја тепале и ѝ се заканувале: ОЈО поведе постапка против три девојки за врсничкото насилство во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library6pj3fil6bdr06RSeEhC
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 18-годишна девојка, а до судијата за деца при Основниот суд во Куманово поднесе барање за поведување подготвителна постапка против две малолетнички на возраст од 15 и 14 години, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

— реклама —

Според Обвинителството, на 13 март годинава тие повикале 13-годишно девојче да излезе од дома, по што ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.

— реклама —

Таму, како што се наведува, ја навредувале, физички ја нападнале удирајќи ја по лицето и телото, ја влечеле за коса, а целиот напад го снимале со мобилен телефон. По насилството, ѝ се заканиле дека ќе ја убијат доколку го пријави случајот или зборува за снимката.

— реклама —

Од Обвинителството информираат дека веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи биле преземени дејствија за обезбедување докази.

За полнолетната осомничена, јавниот обвинител предложил мерки на претпазливост, меѓу кои задолжително јавување во суд, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакт со жртвата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања