Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со 1,8 промили алкохол во крвта, злетовец излетал од патот кај Лесново

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

На регионалниот пат меѓу селата Лесново и Злетово, во средата вечерта, околу 20 часот, се случил сообраќаен инцидент во кој учествувало патничко возило управувано од жител на Злетово.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода В.Ј. (64) од Злетово, откако неговото возило марка „Шевролет Спарк“ излетало од коловозот. При интервенцијата, бил извршен увид на местото на настанот, при што било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол. Тестирањето покажало присуство од 1.81 промили алкохол во крвта, што претставува сериозно пречекорување на дозволената граница.

— реклама —
— реклама —

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но причинета е материјална штета на возилото. По целосно документирање на случајот, против В.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

— реклама —

Од МВР уште еднаш апелираат до граѓаните да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи ваквото однесување сериозно ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Кумановец возел со 1,62 промили алкохол, приведен во текот на ноќта

Слајдер | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryh2m2eloc6m6m3BOXSNA

Нутриционисти откриваат кои намирници помагаат против мамурлак

Магазин | пред 4 месеци

policija-4

Полицијата приведе 41-годишен возач, бил фатен со 2,43 промили алкохол

Македонија | пред 10 месеци

758487-750x430

11 малолетници затекнати како пијат алкохол на приватна забава – полицијата приведе две лица

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања