Кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, уште на стартот на изборната кампања го насочи вниманието кон себе со фотографија која предизвика лавина реакции. На објавата, поставена на неговиот Фејсбук-профил, тој позира пред својот изборен плакат, а во раката го држи најновиот модел на „ајфон“.
Под објавата со краток натпис „IPHONE?“ веднаш започнаа реакции – дел од неговите поддржувачи ја поздравија објавата, но имаше и коментари во кои се посочува дека во време на економска криза ваквите фотографии изгледаат како демонстрација на луксуз.
Дудуш кампањата ја почна со симболиката на бројот 17, кој доминира на неговите плакати, а фотографијата со телефонот уште повеќе го истакна неговиот јавен имиџ.
Телефонот што го држи е iPhone 17 во портокалова боја – најнов модел чија цена на европскиот пазар започнува од 1.600 евра, зависно од верзијата и меморискиот капацитет. Новата серија на „ајфон“ беше пуштена во продажба на 19 септември.