На 03.05.2019 година во 03.05 часот на автопатот Градско-Велес, на наплатната рампа „Стоби“, патничко возило „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од за сега непознато лице, удрило во сензорска рампа на втората наплатна кабина, ја оштетило и го напуштило местото на настанот.
Извршен бил увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.