„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Со фалсификувани документи подигнале 100.000 eвра потрошувачки кредити од банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
obvinitelstvo1

Отворена е истражна постапка за десет лица осомничени дека со фалсификување документи за потрошувачки кредити и ја оштетите прилепската филијала на Комерцијална банка ад Скопје. На седум лица им е одреден притвор, а за тројца се изречени мерки на претпазливост.

— реклама —

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, по поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи.  Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената Комерцијална Банка ад Скопје – филијала Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.

-Петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на другите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје, информираат од Обвинителството.

— реклама —

Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000 денари и еден во висина на 1.399.954 денари.

Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството е прифатен и судот на седуммина осомничени им определи мерка притво, додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања