Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со над 192 илјади евра гарантира дека нема да избега, а Кривичниот совет му поверувал, прифатил и го пуштил на слобода. По два дена, од Кривичниот суд за „Скопје1“, велат дека решението е неправосилно, а обвинител може да се жали.
„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.
Слободното движење на Рашковски доаѓа по скоро четири месеци поминати во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.
Рашковски си доби слобода со пари - укинат домашниот привор, дал гаранција
Ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, пуштен од домашен притвор, дознава „Скопје1“. Одлуката на донел Кривичен совет, откако Рашковски се пожалил на мерките на претпазливост, кои му беа изречени пред скоро четири месеци. За слободата, понудил гаранција која му била прифатена од судии на Кривичниот суд.„Скопје1“ пред два дена побара став од судот, колкава гаранција дал Рашковски во замена за слободата – но не добивме одговор. Според информации на „Скопје1“ станува збор за сума со кој
Македонија | пред 2 години