Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Со изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, Драчево ќе биде поврзано со остатокот од Скопје, смета Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1

Град Скопје продолжува да ја развива градската улична мрежа во исто време со мрежите на велосипедски и пешачки патеки, на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

Градежните активности се во тек за проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево.

— реклама —

На овој потег во вкупна должина од 2.325 метри се врши целосна замена на стариот асфалт со нов, се прошируваат коловозните ленти и наместо 2, отсега ќе има 4 коловозни ленти. Се градат пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна, со ширина од 2,75 метри, со што вкупната ширина на коловозот со пешачките и велосипедската патека на крај, ќе изнесува 20 метри.

Овој булевар е од исклучителна важност за жителите на населбите Драчево и Пинтија од Општина Кисела Вода, за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по неговата должина. Со овој зафат, значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава во овој дел од градот.

— реклама —

Поради исклучително фреквентниот сообраќај, предвидена е и изградба на кружен тек пред мостот во Драчево, а ќе се изведе нова атмосферска канализација и енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување. Со изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот.

— реклама —

За оваа фаза од булеварот се предвидени околу 212 милиони денари (без ДДВ) од Буџетот на Град Скопје, а рокот за реализација е 24 месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања