Филип Стојановски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека измените на член 279-а од Кривичниот законик ќе влијаат врз делата чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО.
„Според анализи од правници, измените на член 279-a од Кривичен законик што денес се предложени во Собрание директно влијаат на дела чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО во кој е обвинет Д.П. Латас..
Ако се направат измените бидејќи за тоа дело е предвидена казна од 3 години, ќе застари на 6 години од сторувањето“, напиша Стојановски на Фејсбук.
Според други, Латас не го опфаќаат промените на Кривичниот законик.
„Латас е обвинет според 279 за даночно затајување, а со измените на Кривичниот законик се воведуваат нови членови, 279-а даночна измама и 279-б за избегнување на плаќање акцизи.
Овие две кривични дела немаат никаква поврзаност со предметите на СЈО бидејќи се нови“, се вели во јавноста.