Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Со македонски фолклор и традиција заврши 17. Карпошово културно лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarymd8nui9jhnso0S3LdWh

Во дворот на црквата „Св. Троица“ во населбата Бардовци, во знакот на македонскиот фолклор и традиција, беше одбележана последната вечер од 17. издание на Карпошовото културно лето.

— реклама —

Вечерта започна со настапот на фолклорниот ансамбл „Етнос“, чии играорци со енергичните народни танци и ора ја збогатија атмосферата. Автентичните и колоритни македонски носии, заедно со звуците на традиционалниот народен мелос, беа во центарот на вниманието.

— реклама —

Публиката уживаше и во настапите на Зуица Лазова, Миле Кузмановски и Душко Георгиевски, кои со својот енергичен настап придонесоа за празничната атмосфера и го заокружија завршниот настан.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој истакна дека културата, традицијата и обичаите остануваат живи сè додека луѓето ги носат во себе и ги пренесуваат на младите генерации.

— реклама —

Овогодинешното Карпошово културно лето понуди разновидна програма наменета за различни вкусови и генерации. Во рамки на манифестацијата настапија познати македонски музички имиња, млади рап-изведувачи и културно-уметнички друштва, а беа организирани и арт-презентации и филмски проекции во рамки на „кино на отворено“.

Со последната вечер исполнета со фолклор, музика и македонска традиција, заврши уште едно издание на Карпошовото културно лето.

media-library33mbpfj5t12mcmaItuA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања