Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Со над 84.000 книги и 5.000 читатели, тетовската библиотека „Кочо Рацин“ доби статус на универзитетска библиотека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library6dp28o0dakb45kvMp1I
unsplash

Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово доби статус на универзитетска библиотека, откако Владата ја усвои одлуката за проширување на нејзината дејност и трансформација на установата. Одлуката е донесена на предлог на Министерството за култура и туризам.

— реклама —

Од Министерството оценуваат дека ова е значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и придонес кон унапредувањето на високото образование, науката и библиотечните услуги. Со новиот статус, библиотеката ќе овозможи поширок пристап до своите фондови и услуги за студентите, професорите и истражувачите.

Библиотеката годинава одбележува 80 години од основањето, а нејзиниот директор Бинас Пајазити вели дека иницијативата за добивање статус на универзитетска библиотека започнала пред пет месеци.

— реклама —

„Со ова ќе се добие надградба што ќе ни овозможи да добиваме научни списанија и да бидеме поблиску до научната фела и студентите“, вели Пајазити.

— реклама —

Тој посочува дека, согласно Законот за издаваштво, издавачките куќи автоматски ќе треба да доставуваат примерок од секоја издадена книга и до тетовската библиотека.

Планирано е и електронско поврзување со библиотеките на Универзитетот на Југоисточна Европа и на Државниот универзитет во Тетово, со цел нивните материјали да им бидат достапни на научниците, истражувачите и читателите преку библиотеката „Кочо Рацин“.

Установата располага со фонд од над 84.000 книги и има околу 5.000 редовни читатели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-06-08-at-17.53.01

(Фото) Климите се вклучени, убедуваат од градската библиотека по сведштвата

Скопје | пред 2 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања