„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Со намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, граѓаните месечно штедат 300 денари, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
24-03-2021-Kaevski

СДСМ, преку институциите и Владата успешно ги менаџира последиците од најголемата економска и енергетска криза во светот во последните 70 години, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

— реклама —

„Антикризните мерки, вредни 400 милиони евра, за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството даваат резултат.

Ефикасното и брзо реализирање на само неколку мерки на Владата сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

— реклама —

Во време на огромна криза ова е многу значајно.

Само со една мерка, намалување на ДДВ за основни производи за човечка храна од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Со намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата, директен ефект од 300 денари заштеда месечно за граѓаните, согласно просечната потрошувачка на гориво по домаќинство.

Притоа ова е само директен ефект врз горивата за возење а индиректно ги штити и цените од пораст.

На овие мерки може да се додат покачувањата на минималната плата за двојно до времето на ВМРО-ДПМНЕ, помошта за пензионерите од 1.000 денари месечно и рекордното зголемување на пензиите, како и поддршката на ранливите граѓани.

За неполни 100 дена, СДСМ и премиерот Ковачевски успеа да донесе ефикасни мерки и многу сериозно да го намалиме ценовниот шок и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Секако дека сите овие мерки целосно нема ги решат сите проблеми. Живееме во огромна криза и јасно е дека сите ги чуствуваме економските последици.

Но, она што е важно е дека Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го го насочиме за поддршка на граѓаните и компанииите.

Така и ќе продолжиме, одговорно, ефикасно, со вистински и издржани економски политики“, вели тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

darko-k

(Видео) Каевски дојде за да му судат: со лонгета, успеа да стигне на судење за спортските ваучери

Македонија | пред 1 година

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?, прашува Стоилковски

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Каевски: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, нема промени во оваа партија

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Каевски: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, против ЕУ и против НАТО

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања