Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Со неприлагодена брзина е усмртен велосипедистот на мостот „Гоце Делчев“ - се бара одземање на возачката на возачот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library9qgknk71fh657X5hU9a

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, на 3 ноември, осомничениот 37-годишен возач, управувајќи автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со неприлагодена брзина го загрозил јавниот сообраќај.

— реклама —

Пристигнувајќи на пешачкиот премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, со предниот дел на возилото удрил во велосипед управуван од Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и починал.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител предложил до судот да се определат мерки на претпазливост за осомничениот – одземање на македонска и српска патна исправа, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска за редовно јавување пред надлежен државен орган.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 2 седмици

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања