Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Со пиштол на вработена во МВР, се заканувал во кафеана во Трубарево - уапсени две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
pistol_001

На 15.02.2026 во 22:20 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С. (35) од Скопје.

При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште едно лице, кај него бил пронајден и одземен пиштол.

— реклама —

Според информациите, А.С. се сомничи дека истиот ден околу 22:00 часот во угостителски објект во населбата Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, заедно со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј. (31) од село Марино и Б.А. (32) од населба Илинден. При нападот, А.С. му упатил закани со пиштол на И.С., при што оружјето било сопственост на А.М. (30) од село Стајковци, вработена во МВР, која била со нив.

— реклама —

По преземени мерки, на 16.02.2026 во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници ја лишиле од слобода и А.М.

— реклама —

Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење

Македонија | пред 1 час

avtopat

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Македонија | пред 6 часа

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања