„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Со почетокот на новата учебна година, повисоки плати за вработените во високото образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Skolo

Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10%, повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат исто така се приклучи кон колективниот договор, информира денеска министерството за образование.

— реклама —

„Со вклучувањето на Независниот академски синдикат во колективниот договор за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со МОН, без посредство на раководните структури на државните универзитети. Од синдикатите сметаат дека овој колективен договор е исклучително важен за правата на работниците, во однос на решенија на системски проблеми кои ги засегаат вработените во секторот со години, социјалниот дијалог и регулирањето на односите помеѓу различните чинители и препознавањето на што е значајно во политиката на високото образование и науката“, велат од МОН.

Од таму појаснуваат дека со новиот Колективен договор е направен чекор во позитивна насока, да се реализираат барањата од првите две години на петгодишниот предлог план. Очекуваат унапредувања на правата на сите вработени и реализирање на зацртаните барања во целост и дека со забрзано темпо ќе се реализираат по завршување на здравствената криза со пандемијата.

— реклама —

„Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација итн. Во договорот се дефинира начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата. Со овој начин на пресметка се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата, со што се оневозможува стагнирање на платите како во изминатиот период“, стои во известувањето од министерството за образование и наука.

Дополнително, додаваат од таму во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж. Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови, како и исплаќање на прекувремената работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања