Точно на овој ден минатата година, во 2 часот наутро, во градите на 54-годишниот Иван Огњановски зачука ново срце. Првпат во земјата беше извршена трансплантација на срце од починат донор. Огњановски го доби срцето на 43-годишната Емилија Динева од Стар Дојран, која настрада во сообраќајна несреќа, зад себе остави сопруг и две деца, а семејството се согласи да ги донира нејзините органи за да спаси живот, објави А1ОН.
Оттогаш, раскажува Иван за „А1он“, секој викенд син му оди во посета на семејството Диневи во Стар Дојран. Станале како едно семејство.
„Да не беа донорите, да не беше Емилија Динева, јас немаше денеска да бидам жив. Син ми секоја сабота или недела оди кај нив дома. Јас не можам да патувам, но тој не пропушта да оди да ги види. Тие и на тој начин се тешат, велат, ете, барем срцето на нашата мајка и сопруга е сѐ уште живо, чука“, вели Иван за „А1он“.
Текстот во целост на: „А1он“.