„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Со солзи во очите вработените во Министерство за финансии го испратија Тевдовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Вработените во Министерство за финансии со огромен аплауз го испратиле довчерашниот министер за финансии, Драган Тевдовски, кој беше разрешен од функцијата со мнозинство гласови во Собранието.

— реклама —

Неговиот поранешен советник, Бранимир Јовановиќ, кој си замина од Министерството само неколку месеци претходно, ги објави реакциите на дел од службениците во Финансии.

„Денес Драган замина како што му доликуваше. Со огромен аплауз и со емоции кај повеќето од вработените. Мислам дека тој кабинет никад нема да се повтори. Човечноста пред сѐ” 

— реклама —

„Се поздравивме денес. Прати маил до сите. Се заблагодари за соработката и кажа дека од 10 ч. ќе биде во бифе. Дојдов на работа само за да се поздравам со Дракче.”

„Сите плачевме денес. Кога влезе на 10ти во бифето, 5 минути без престан ракоплескавме. За никој не било вака во мои 20 години во министерство.”

„Дел од пораките кои ми ги пратија денеска поранешните колешки и колеги од Финансии. А јас само ќе кажам дека ми беше чест што бев дел од тој тим. Идемо даље!“, напиша Јовановиќ на својот фејсбук профил.

За време на собраниската дебата и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ искажаа почит кон него нарекувајќи го еден од малкуте чесни функционери. Заев најави дека придонесот на Тевдовски во Владата ќе продолжи така што ќе му биде советник, но Тевдовски изјави дека се враќа на Економскиот факултет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања