Промени тема
Контакт

Со спектакл на Роџер Санчез, Кисела Вода го прослави својот 70-ти роденден: „Сега сè е на свое место!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
3-1

Со несекојдневен музички спектакл и настап на светски познатиот диџеј Роџер Санчез, Општина Кисела Вода синоќа го одбележа својот 70-ти роденден и го означи почетокот на Културното лето 2025, кое годинава се одвива под мотото „Сè на свое место“.

Над 30.000 посетители од цело Скопје, Македонија и од соседните Србија, Бугарија и Грција, се собраа за да бидат дел од овој настан, кој ќе остане запаметен како едно од највпечатливите музички случувања во главниот град.

Музичката вечер започна со сет на диџеј Матс, по кој следуваа настапите на диџеј Ампов и диџеј Деан Мицкоски, кои ја загреаја атмосферата пред појавувањето на главната ѕвезда. Американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез приреди двочасовен сет, носејќи енергија и ритам што ја раздвижи публиката до доцна во ноќта.

Пред почетокот на настапот на Санчез, на сцената се појави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој на публиката ѝ го честиташе јубилејот. Заедно со водителот Сашко Коцев, симболично го поставија последното парче од сложувалката во форма на карта на Скопје – делот што ја претставува Општина Кисела Вода.

„Сега сè е на свое место,“ порача Ѓорѓиевски, добивајќи громогласен аплауз од присутните.

— реклама —

„Обединетоста што ја видовме вечерва е најголемата потврда дека сме на вистинскиот пат. Конечно, оваа година сè доаѓа на свое место. И не заборавајте – најдоброто допрва доаѓа!“ – додаде тој.

Културното лето во Кисела Вода продолжува и во наредните денови, со богата програма од концерти, театарски претстави и културни настани на неколку локации низ општината.

— реклама —

— реклама —

[caption id="attachment_341356" align="alignnone" width="2048"] default[/caption]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања