Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Со тројно намален буџет за животна средина, Арсовска не може да обезбеди мерки за справување со загадениот воздух, смета СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
266695852_400721481739184_765944474006890904_n

„Данела Арсовска за Секторот за животна средина во Буџетот на Градот за 2022 година предвидела три пати помалку средства во споредба со оваа 2021 година. Иако градоначалничката Данела Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето, таа го намалува буџетот за животна средина од 213 милиони денари, колку што изнесува оваа година, на 73 милиони денари во 2022 година“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Истовремено, Арсовска го укина БРТ системот кој е еколошки проект за јавен превоз. Со ваков пристап нема борба против загадувањето, нема чист воздух. Благодарение на мерките спроведени од централната и локалната власт на СДСМ во изминатите четири години, аерозагадувањето во Скопје се намали за 33 отсто. Град Скопје и градоначалничката треба да престанат да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, за исполнување на она што Данела Арсовска им го вети на граѓаните“, додаваат СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања