Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Со туѓ труд и со туѓи перја навистина и лесно се фотографира“, Градоначалникот на Паланка реагира оти не бил повикан на отварањето на обиколницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryeldb2i2oo7iv6dPy0OT

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, реагираше дека Владата не го поканила на пуштањето во употреба на магистрален пат што минува низ општината. Според него, тоа не е протоколарна грешка, туку прашање на принцип и политичка зрелост. Тој обвини дека се става партиското раководство пред институциите и дека се промовира проект подготвен и финансиран во време на СДСМ. Митовски порача дека граѓаните разликуваат развој од маркетинг и бараат резултати и почит.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, реагираше на социјалните мрежи по повод пуштањето во употреба на  патот што минува низ општината, посочувајќи дека не бил поканет на настанот од страна на Владата.

— реклама —

Во објавата, Митовски наведува дека изоставувањето на првиот човек на општината не може да се смета за протоколарна грешка, туку, како што посочува, прашање на принцип и политичка зрелост. Според него, кога во прв план се става партиското раководство, а институциите се оставаат во втор план, пораката е јасна.

Вчера се воздржав од коментари, затоа што денот ми беше навистина посебен и празничен, поминат со прекрасните луѓе од Конопница. Но денес чувствувам обврска да кажам неколку зборови.

Да се пушта во употреба магистрален пат што минува низ општината, а притоа да не се покани првиот човек на општината, не е протоколарна грешка – туку најверојатно прашање на принцип и политичка зрелост.

Кога институциите се ставаат во втор план, а во прв план доаѓа партиското раководство, тогаш пораката е повеќе од јасна.

Особено ако станува збор за проект чија подготовка, проектирање и финансиско обезбедување се реализирани во време на СДСМ и кој е вклучен во програмите на државните патишта. Со туѓ труд и со туѓи перја навистина и лесно се фотографира

Но граѓаните во Крива Паланка одамна ја препознаваат разликата помеѓу развој и маркетинг - и тоа го кажаа и на последните локални избори.

Тие сакаат работа, резултати и меѓусебна почит.

А тоа не се гради со пресечени ленти, туку со одговорност и вистинска работа“, стои во објавата на Митовски.

media-library8e88u514t7kn5e0NVxk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања