Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Со тупаници и клоци го тепале, па со нож го сечеле по телото – детали за насилството врз малолетник во Маџари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryfuo6qlp6k2kodTerCYa

Основното јавно обвинителство Скопје предложи мерки на претпазливост за три лица осомничени дека извршиле насилство врз малолетник во парк во скопската населба Маџари.

— реклама —

Според првичните сознанија, инцидентот се случил на 22 јуни, кога осомничените физички го нападнале детето, родено во 2011 година. Како што соопшти Обвинителството, тие го удирале со тупаници и клоци, а му нанеле и расекотини со нож по телото.

— реклама —
— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје предложил да им бидат определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај надлежно службено лице, привремено одземање на патната исправа, забрана за посетување на местото каде што се случил настанот, како и забрана за приближување и воспоставување каков било контакт со оштетеното дете и неговите родители.

Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува, при што се вршат вештачења на пронајдените траги и се преземаат дополнителни дејствија за обезбедување докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 2 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 3 седмици

bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања