Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Со убедлива поддршка од 174 држави, Македонија обезбеди место во ЕКОСОК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarya98i74njpg5lc3ViDtw
unsplash

Македонија испиша нова страница во својата дипломатска историја, откако за првпат беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК), добивајќи поддршка од дури 174 земји членки.

— реклама —

Со овој избор, државата ќе биде дел од едно од најзначајните тела на ОН во периодот од 2027 до 2029 година, учествувајќи во креирањето и координацијата на глобалните политики поврзани со економскиот развој, социјалната правда, одржливоста и човековите права.

— реклама —

Одлуката беше донесена на гласањето во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а изборот е оценет како важен успех за македонската дипломатија и дополнително зацврстување на меѓународната позиција на државата.

ЕКОСОК е едно од шесте главни тела на Обединетите нации и има централна улога во координирањето на економските, социјалните, развојните и хуманитарните активности во рамките на организацијата.

— реклама —

Членството ќе ѝ овозможи на Македонија активно да учествува во глобалните дебати и процеси поврзани со одржливиот развој, економската соработка, здравството, образованието, родовата еднаквост и други прашања од меѓународно значење.

— реклама —

Овој успех доаѓа по претходните избори на земјата во други значајни меѓународни тела, меѓу кои и Советот за човекови права на ОН за периодот 2025–2027 година, како и Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања