„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

„Со вакво хоби, ни маче не треба да му оди на преглед“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Снимката на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, се гледа како консумира бела прашкаста материја, и понатаму предизвикува лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

— реклама —

Иако Кузмановски се извини и истакна дека снимката е стара и направена пред неговото именување за директор, дел од јавноста смета дека скандалот отвори многу подлабоки прашања за состојбата во здравствениот систем и професионалните стандарди.

— реклама —

Меѓу најкоментираните реакции на социјалните мрежи се и оние од јавни личности.

— реклама —

Водителката и инфлуенсерка Миа Костова саркастично коментираше дека јавноста „погрешно го персонализира проблемот“.

„Пресмешно е дека докторов со белото ви е партиски шмркач. Пресмешно е дека стварно мислите дека белото иде со партија и дека е исклучок. Да земете да тестирате, нема да ви се верува кој сè лечи, работи, функционира исто ко директорот на Неврологија. Проблемот е подлабок од видеото што ви излезе“, напиша Костова, додавајќи дека „одговорност ќе има дури кога три доктори ќе бидат негативни на тест“.

Таа додаде и дека „изненаденоста на јавноста е пофрапантна од самиот скандал“.

Сличен став изрази и Ина Многуфина, која оцени дека смената на Кузмановски од директорската функција е недоволна мерка:

„Сега после вчерашниот скандал можеме да сфатиме дека докторов е сосема ок да лечи пациенти, ама не смее да е директор. Значи, поголема штета ќе напраи како директор? Озбилно? Лиценца треба да му се земе. Со вакво хоби ни маче не треба да прегледа. Големата работа, го смениле од директор...“, напиша таа, додавајќи дека „прашањето е дали е работоспособен и дали треба да продолжи да лекува луѓе“.

Во меѓувреме, министерот за здравство Азир Алиу донесе решение за разрешување на Кузмановски, нагласувајќи дека „јавниот углед и довербата во институциите мора да се заштитат“.

Објавата на снимката го отвори и прашањето за контрола на медицинскиот кадар, употребата на психоактивни супстанции и улогата на Лекарската комора во вакви случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuhalg1iv8kmb0TFUGWc

„Шанел ташна покри трагедија, Cartier часовник покри убиства“, вирусно видео со скапа гардероба ја потисна веста за убиството на Росица

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2021-12-11-at-09.41.21

Миа Костова: Ќе го изгубите и Центар, може треба да се разгледа можноста часови да се држат во септември во МПЦ, пријатно, ладничко на ниво

Коментари | пред 1 година

IMG_6428

Миа Костова наместо на училиште детето ќе си го носела на плажа цел септември: Во училница беше 37 степени, попладне е 57 степени!

Коментари | пред 1 година

venko-filipce-7

Костова по документарецот за модуларната: Нема да ме изненади Венко да го вратат на министерска позиција и никој да не примети

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања