Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Со ветување за минимална плата од 18.000 денари, СДСМ бара поддршка на локалните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

„Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време. Вистинскиот пат е со СДСМ, бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата“, велат од СДСМ.

Тие додаваат: „Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година. Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија. За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред. А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава. Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања