Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со хебла влегол во куќа во Скопје, сосед го забележал и повикал полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
kradecaaa

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против дваесетгодишник од Гевгелија, кој е осомничен за кривично дело „Тешка кражба“ во обид, откако на 22 јули се обидел да ограби куќа во Скопје.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничениот во раните утрински часови ја прескокнал оградата и влегол во дворот на куќата. Таму пронашол дрвени скали, ги потпрел на ѕидот и преку нив се качил до прозорецот од објектот. Со сила ја подигнал ролетната, а потоа со хебла го отворил прозорецот и влегол во куќата.

— реклама —
— реклама —

Откако влегол, почнал да пребарува и претура низ просториите, но бил забележан од сосед, кој веднаш ја известил полицијата. Полициските службеници пристигнале на местото и го затекнале осомничениот во куќата, по што го лишиле од слобода пред да успее да ја доврши кражбата.

— реклама —

Јавниот обвинител побарал да му биде определен притвор, оценувајќи дека постои опасност од бегство бидејќи осомничениот нема постојано живеалиште или престојувалиште во Скопје. Дополнително, според Обвинителството, тој и претходно се јавувал како сторител на имотни деликти, поради што постои и опасност да изврши нови кривични дела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

tepacka1

Ја давел и ја удирал девојката во домот, Обвинителството бара притвор за осомничен од Битола

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 2 седмици

ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања