Промени тема
Контакт

Со закана со нож ограбувал аптеки во Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
noz-ubistvo-napad

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен прилепчанец за кого постои основано сомнение дека извршил едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и дека се обидел да изврши уште едно исто такво кривично дело.

„На 13 декември, со употреба на опасно орудие и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото, осомничениот одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Тој маскиран влегол во аптека на улицата „Васко Карангелевски“ во Прилеп, држејќи во раката кујнски нож и се заканил на вработената за да му ги даде парите од касата. Оштетената, исплашена за својот живот, извадила од касата 2.500 денари и му ги предала, а осомничениот веднаш го напуштил местото на настанот, бегајќи во непознат правец.

— реклама —
— реклама —

На 18 декември, пак, на сличен начин, осомничениот влегол во друга аптека на истата улица. Исто така на вработената и се заканил со нож со барање да му даде пари, но таа го повикала сопругот кој се наоѓал во друг дел од објектот. Кога видел дека сопругот на вработената се доближува, осомничениот избегал без да ја реализира намерата.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, велат од ОЈО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања