Со законските измени лицата со попреченост се обесхрабруваат да ги бараат своите права, обвинува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MENUVAME_09082021-4

Откако СДСМ е на власт, стана пракса да се злоупотребува европското знаменце, за носење на закони или законски измени по скратена постапка. Овој пат, на ред се измени на Законот за социјална заштита, каде што се предвидуваат низа измени, кои што се на штета на лицата  со попреченост. Со овие измени се предвидува досегашната стручна служба, која што даваше наод и мислење за лицата со попреченост, да се замени со Служба за функционална проценка, велат од Левица.

— реклама —

„За оваа Служба воопшто не се знае во каков состав е и каква точно надлежност има, додека досегашните стручни тимови беа составени од тројца доктори специјалисти, кои што даваа стручен наод и мислење за состојбата или дијагнозата на лицата со попреченост. Исто така, со новите измени на Законот, наместо поедноставување на процедурите потребни за преглед, анализа и конечно мислење за лицата со посебни потреби, истите се усложнуваат.

— реклама —

Така на пример, доколку незадоволното лице поднесе жалба против решение на Центарот за социјални работи, тогаш Министерството за труд и социјална политика согласно законските измени кои што се предлагаат, повторно ќе треба да бара наод и мислење од Службата за функционална проценка, што воопшто не е логично, бидејќи истиот орган веќе еднаш дал мислење за истото лице, а исто така и дополнително ќе ја одолговлечи постапката по жалба, а со тоа и времето за остварување на правата на лицата со попреченост.

— реклама —

Друга новина, која што исто така е предвидена со предложените законски измени, сеоднесува на лицата со попреченост кај кои што е констатирана трајна состојба. Лицата со траен наод, исто така ќе бидат принудени, за да ги остварат своите права повторно еднаш годишно да бараат наод и мислење од институциите, иако нивната состојба е трајна и нема да се промени. Со овие законски измени, освен што се комплицира и усложнува постапката за остварување на правата на лицата со попреченост, не се воведуваат никакви новини за унапредување на правата на овие лица, туку напротив, истите се обесхрабруваат да ги бараат своите права, под страв од заглавувавање во бирократските лавиринти.

Пратениците на Левица нема да ги поддржат овие законски измени и ќе се залагаат за законски решенија кои нудат поголема инклузивност во општествените процеси на лицата со попреченост“, се вели  во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања