Промени тема
Контакт

Со живот ја плаќаме корумпираноста во државата, реагира денеска Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Трагедиите во нашата држава се множат, а во заднината на секоја трагедија се кријат злоупотреби, криминал и корупција. Одговорност треба да сносат тие што до ден-денес ги немаат следено и ја немаат проверувано работата на превозниците иако претходно ја имавме трагедијата кај Ласкарце каде што исто така имаше жртви и беше констатирано дека има злоупотреби и скандалозни технички пропусти, реагира денеска Алијанса за Албанците.

„Последната трагедија во којашто пожар го зафати автобусот во Бугарија, го крена на нозе целиот свет, додека во нашата земја никој не чувствува никаква одговорност за 44-те изгубени животи на најможниот тажен начин, а ниту пак чувствуваат одговорност за повредените коишто сѐ уште се трудат да ги излечат здобиените повреди. И во оваа трагедија, како и во минатите, на виделина излегоа скандалозни дејствија. Еден автобус којшто се движи низ регионот без потребната дозвола, неевидентиран во електронскиот регистар и со дозволено движење од царина и граничната полиција. И сето ова заврши само со одземање на дозволата на компанијата и со отпуштање на двајца цариници“, се наведува во реакцијата од Алијанса.

— реклама —
— реклама —

Партијата побара одговорност и потсети на трагедијата кај Ласкарце, на трагедијата која однесе 14 жртви во модуларната болница во Тетово, каде, како што нагласи, министерот, заменик министерот и директорот на Болницата во Тетово си продолжија со работа иако беа констатирани пропусти и злоупотреби.

— реклама —

„Неодговорноста на високите функционери на државата, криминалот и корупцијата во институциите, граѓаните ги плаќаат со живот, со болка и со трагедии што не се паметат од независноста на државата“, се додава во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања