Собир пред “Сити мол” организира повредениот дечко на Викторија која загина кај “Сити мол”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
ssssss

Денес во 12 часот ќе се одржи мирен јавен собир на раскрсницата на бул. Партизански Одреди, кај Сити мол, каде загина 24-годишната Викторија. Собирот го организира дечкото на Викторија кој беше лесно повреден во истата сообраќајна несреќа.

— реклама —

„Ве повикуваме во недела, сите кои ја знаете или не ја знаете лично Викторија, кои имате близок настрадан во сообраќаен судир или удар, кои самите сте настрадале или кои сте свесни за нехуманоста на скопските улици, да се придружите на мирниот собир во чест на Викторија чиј живот беше одземен на градска улица, во населено место, и тоа на пешачки премин.

— реклама —

Почит за блиските на Викторија кои самоиницијативно не само што оддаваат почит кон одземениот живот, туку и апелираат за спречување на сообраќајното насилство. Таа нека биде последниот одземен живот од сообраќајни насилници!

— реклама —

Се придружуваме на нивниот апел „да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите“....

Да го препознаеме слонот во собата и да престанеме да релативизираме!

Одговорноста кај луѓето со тело во облека и луѓето со тело во 2 тонски-метален оклоп кој развива големи брзини и има голема ударна енергија која убива, не е и не може да биде иста!

Соодветното планирање на улиците и казните од полицијата мора да ги скротат неодговорните управувачи на моторно возило, оние кои насилно возат по улиците.

Овие последни случаи на насилно одземени животи нека бидат аларм за локалните и централните власти!

"Да разјасниме: ако сте во позиција да ги намалите брзините во градовите и не го направите тоа, и вие сте исто така одговорни за личните трагедии“

Да ги направиме нашите улици место каде ќе се живее безбедно и пријатно, а не каде што ќе се убива“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања