„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Собранието денес ја продолжува расправата за нацрт амандманите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот ќе ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.

— реклама —

На почетокот на вчерашната расправа премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги амандманите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, истакна дека измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО, а доколку Грција не ги исполни своите обврски нема да важат овие измени.

Исто така Заев додаде дека референдумот за него е успешен, но одлуката не е донесена. Според него, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ветил дека ќе го помогне овој процес.

— реклама —

Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас.

Пред Собранието за се одржаа протести против уставните измени, кои беа организирани од „Македонија Блокира“. Тие рекоа дека нема да заминат до Нова Година бидејќи се спротивставуваат на неуставното менување на името на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања