Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Sobranie-zgrada

Македонското Собрание е домаќин на Третата регионална конференција посветена на улогата на парламентарниот надзор во процесот на пристапување кон Европската Унија. На конференцијата учествуваат претставници и експерти од парламентите од Западен Балкан.

— реклама —

На средбата се разговара за законодавната и надзорната функција, парламентарната дипломатија, административните капацитети, транспарентноста и улогата на парламентите во следењето на реформската агенда.

Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања истакна дека европската интеграција е стратешка цел на земјите од Западен Балкан, а парламентите имаат клучна улога во спроведувањето на реформите и усогласувањето на законодавството со европското право.

— реклама —

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, порача дека парламентарниот надзор треба да биде „ефективен, професионален и транспарентен“.

— реклама —

Министерот за европски прашања, Беким Сали, истакна дека парламентите се во сржта на европската интеграција и нагласи дека брзината на реформите не треба да биде поважна од нивниот квалитет.

На конференцијата беа претставени и наодите од извештајот за примената на парламентарните принципи за 2025 година, со препораки за подобрување на надзорот, транспарентноста, административните капацитети, парламентарната дипломатија и комуникацијата со јавноста.

— реклама —

Конференцијата продолжува утре со дискусии за зајакнување на парламентарниот надзор врз реформската агенда и иднината на процесот на проширување на ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryukttgsvalnev8McobGt

Гаши најави повторување на опозициските прашања

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2usa516otu319IXcNE8

Паузите го потрошија времето за опозициски пратенички прашања на денешната седница на Собранието

Македонија | пред 2 дена

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Собранието ги разгледува измените на Кривичниот законик за усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 3 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Законот за јавни набавки денеска повторно пред пратениците по ветото на Силјановска-Давкова

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања