Промени тема
Контакт

Собранието ги изгласа штетните измени во Законот за социјална заштита за кои алармиравме, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-6

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, со кои се усложнуваат процедурите за стекнување и користење на правата кои ги имаат лицата со попреченост, велат од Левица.

„Левица, уште во декември минатата година, во реакција поткрепена со аргументи, предупреди за последиците кои ќе настанат доколку се изгласаат измените на Законот за социјална заштита. Овој закон беше предложен од претходната министерка, Јагода Шахпаска, додека законот се усвои додека со ова министерство раководи новата министерка, Јованка Тренчевска. Ова експлицитно покажува дека нема никакви измени во политиките на новите кадровски решенија на СДСМ и истите ги продолжуваат погубните политики на општествена, економска, социјална и национална девастација.

— реклама —

И покрај нашите укажувања за штетноста и последиците на предлог измените, мнозинството во Собрание гласаше за усложнување на постапката за добивање на права за лицата со попреченост. Како што беше и очекувано, лицата со попреченост се збунети и затекнати од овие нелогични законски измени.

Едни од групата на лица со попреченост се и лицата со Даунов синдром - дијагноза која е доживотна, а кои сепак со усвоените измени се принудени секоја година да бараат стручен наод и мислење за степенот на попреченост од Комисијата при Заводот за ментално здравје за да можат да ги остварат своите права!

— реклама —

Иако секаде во светот се применува поинаква, современа класификација, кај нас во моментов се користат две квалификации, со кои што се прави уште поголема конфузија. Покрај нелогичностите во измените на Законот и нивната примена, дополнителен проблем е и што дел од лицата со попреченост не ги знаат и не се информирани кои се нивните законски права.

— реклама —

Државата е должна да им помогне, да ги упати и да ги информира и најважно да ги олесни и поедностави процедурите за стекнување на права за лицата со попреченост. Дополнителните бирократизирања за лицата со попреченост, кои и моментално се маргинализирани, го отсликуваат лицемерието на социјалдемократската влада, која наместо да ги заштити ранливите категории на граѓани - истата дополнително ги става на маргините и ја дозагрозува нивната положба во општеството“, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања