Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Собранието го усвои Законот за игрите на среќа: Обложувалниците и казината најмалку 500 метри од училиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
canmathshelp

Собранието денеска го усвои Законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат нови правила за функционирањето на индустријата, вклучително и дислокација на објектите, ограничувања во рекламирањето и засилени механизми за контрола.

— реклама —

За законот гласаа 60 пратеници, додека 20 беа против.

— реклама —

Една од клучните новини е обврската објектите за приредување игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Целта на оваа мерка, според предлагачите, е да се намали достапноста на игрите на среќа за младите.

Со законските измени се воведуваат и значајни ограничувања во рекламирањето на оваа индустрија. Се укинуваат светлечките и агресивни реклами, а во иднина ќе биде дозволено само истакнување на називот на компанијата во строго определени димензии, без употреба на слогани и пораки што сугерираат лесна заработка или успех.

— реклама —

Дополнително, законот предвидува задолжително дигитално следење на работењето на приредувачите на игри на среќа, вклучително и GPS-поврзување на системите, како и пообемна контрола од страна на Управата за јавни приходи.

— реклама —

Со овие мерки се очекува да се обезбеди поголема транспарентност во работењето на индустријата и да се спречи нелегалното работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4s1qcqgul2qt8QYuGnD

„Центар е казино-општина“: „Шанса за Центар“ ја мапираше секоја кладилица и казино во општината

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
Casino

Со секира присилил вработена да му даде пари : Битолчанец под истрага за разбојништво во казино

Македонија | пред 6 месеци

canmathshelp

Скопјанец направил инцидент во казино: нападнал човек, а потоа бил агресивен кон полицајците

Скопје | пред 8 месеци

Нема фотографија

(Видео) Полицаец се степа со обезбедување и колеги во казино, друг бил пијан на апарати - двајцата работеле на граница

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања