Промени тема
Контакт

Со секира присилил вработена да му даде пари : Битолчанец под истрага за разбојништво во казино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Casino

Основното јавно обвинителство во Битола отвори истрага против 53-годишен жител на градот осомничен за разбојништво, по инцидент во казино на „Широк Сокак“ во кој, според наведеното, се заканувал со секира и насилно зел пари од вработена.

Настанот, што се случил на 15 декември, започнал по изгубени 8.600 денари на слот-машини. Револтираниот маж влегол во вербален конфликт, по што од под јакната извадил секира и почнал да замавнува кон вработената, доведувајќи ја во непосредна животна опасност.

— реклама —

Преплашена, оштетената ја отворила касата и му ги предала парите што ги барал, по што осомничениот го напуштил објектот.

— реклама —

Обвинителството смета дека сериозноста на делото, начинот на извршување и претходната осудуваност на осомничениот упатуваат на ризик од повторување или бегство, па до судијата на претходна постапка е поднесен предлог за притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

canmathshelp

Собранието го усвои Законот за игрите на среќа: Обложувалниците и казината најмалку 500 метри од училиштата

Македонија | пред 2 месеци

media-library4s1qcqgul2qt8QYuGnD

„Центар е казино-општина“: „Шанса за Центар“ ја мапираше секоја кладилица и казино во општината

Скопје | пред 6 месеци

canmathshelp

Скопјанец направил инцидент во казино: нападнал човек, а потоа бил агресивен кон полицајците

Скопје | пред 10 месеци

Нема фотографија

(Видео) Полицаец се степа со обезбедување и колеги во казино, друг бил пијан на апарати - двајцата работеле на граница

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања